Легендарниот ангкиски играч за врска целата своја кариера ја помина во Манчестер Јунајтед.
Сколс со „црвените ѓаволи“ освои се што можеше да се освои и беше еден од најважните фудбалери во ерата на Сер Алекс Фергусон. Овој фудбалер играше дури 19 сезони во Премиер лигата, но фудбалскиот свет е изненаден од тоа колку малку асистенции имал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сколс кој играше во средината на теренот важеше за важен дел од составот на Јунајтед, но веројатно и вие самите не можете да поверувате дека повеќе асистенции од Сколс има – Питер Крауч! Легендарниот фудбалер се наоѓа дури на 24-тата позиција.
За 19 сезони поминати во Манчестер Јунајтед Сколс има само 24 асистенции. Питер Крауч има една асистенција повеќе од него, а пред него се уште Стујарт Даунинг, Ешли Јанг, Џејмс Милнер и Ерик Кантона што е секако големо изненадување. Една асистенција помалку од Сколс (54) има легендарниот напаѓач на Челзи Дидиер Дрогба.
Интересно е и што поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Џонатан Спектор го смета Сколс за најдобар играч со кој играл, подобар и од Кристиано Роналдо.
„Имав среќа да играм со некои од најдобрите фудбалери на сите времиња и многу научив од нив. Би било лесно да кажам дека најдобар е Роналдо, но ќе бидам искрен и ќе кажам дека Пол Сколс беше најдобриот играч со кој сум играл.“ – гласеше изјавата Спектор која ја даде неодамна.