Дома Фудбал Англија Сколс: Сериозни европски тимови ќе го „растурат“ Јунајтед

Сколс: Сериозни европски тимови ќе го „растурат“ Јунајтед

Манчестер Јунајтед синоќа со голем пресврт ја победи Аталанта на „Олд Трафорд“, иако на полувремето имаше негатива од 2:0.

На овој натпревар уште еднаш се видоа лимитите на Јунајтед, особено во дефанзива, а после мечот легендата Сколс испрати порака до менаџерот Сослкјер.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Сериозни европски тимови ќе го растурат овој Јунајтед. Никој од офанзивните играчи не трка назад, Бруно се труди и се враќа, но не е доволно. Ако Јунајтед вечерва играше против некој од најдобрите европски тимови ќе примеше 4-5 гола“, изјави Сколс.

„Не можеш да кажеш дека си играл добро ако на полувреме губиш 2:0. Замислете да игравме против Ливерпул, нема да се вратиш во мечот никогаш. Јунајтед не смее да прима вакви голови, Аталанта е само пристоен тим, ништо повеќе“, заклучи Сколс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Да не ја одлучи овој момент првенството на Англија?

Арсенал синоќа со гол во самиот финиш дојде до победа против Евертон и на тој начин максим…