Дома Топ вести Сколс: Ако Реал го сака Де Геа, Јунајтед тешко ќе може да го задржи

Сколс: Ако Реал го сака Де Геа, Јунајтед тешко ќе може да го задржи

Легендарниот англиски фудбалер, Пол Сколс смета дека Манчестер Јунајтед тешко ќе го задржи Давид Де Геа во своите редови…

На „Олд Трафорд“ прават се за да го задржат Де Геа во своите редови и веќе му понудија нов договор со кој би го направиле најплатен голман во Премиер Лигата, меѓутоа Сколс тврди дека многу ќе зависи и од Реал Мадрид.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според неговото мислење, Де Геа на лето ќе сака да го облече дресот на Реал Мадрид, доколку шпанскиот гигант повторно покаже интерес.

„Јасно е дека Манчестер Јунајтед ќе направи се за да го задржи Де Геа, но тоа ќе биде навистина тешко доколку Реал Мадрид покаже интерес. Се работи за најдобриот голман во светот, а ако Реал го сака, очекувано е и тој да сака да премине во Мадрид“, изјави Сколс за „Гоал“, па потоа зборуваше за Манчестер Јунајтед.

„И понатаму мислам дека е неопходно да купат уште еден напаѓач. Лукаку не е доволен, а останатите играчи не се за позицијата централен напаѓач, туку за крило“, заврши Сколс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…