Со промената на својот агент Роберт Левандовски предизвика бројни шпекулации во медиумите кога во прашање е неговата иднина во Баерн Минхен.
Хејнкес неодамна изјави дека не може да замисли сценарио во кое Левандовски би го напуштил Баерн, но денес реномираниот „Скај Спорт“, пренесуваи интересна информација.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Имено, според споменатиот медиуми за потписот на Левандовски ќе се борат англиските гиганти Манчестер Јунајтед и Челзи. Се шпекулира дека Левандовски е незадоволен во Баерн и дека сака нов предизвик во кариерата.
Роберт Левандовски со Баерн има договор до 2021 година, а дресот на гигантот од Минхен го носи од 2014 и до сега одигра 181 натпревари и постигна 139 погодоци.
Како што кажавме, Левандовски го промени агентот и сега негов застапник е еден од најдолговечните менаџери на трансфер пазарот, Пини Захави.