Според пишувањето на странските медиуми, Реал Мадрид испратил свои скаути на натпреварот помеѓу Рома и Интер.
Дербито на „Олимпико“ заврши без победник 2:2, а овој натпревар од трибините го следеа претставници на Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нивната задача наводно била да ги следат Костас Манолас и Мауро Икарди, фудбалери кои Реал наводно ќе се обиде да ги доведе наредното лето.
Нема сомневање дека и едниот и другиот се провремени и докажани играчи кои можат да го носат дресот на Реал, но Реал не сака да препушти ништо на случаност, па испратил свои луѓе да го следат нивните настапи.
Манолас има откупна клазула од 36 милиони евра и веќе се поврзуваше со заминување од Рим, додека Икарди кои и во текот на летото медиумите го поврзуваа со Реал има клазула од 110 милиони евра која важи од 1-ви од 15-ти јули наредната година.