Како што пренесуваат англиските медиуми скаутите на Челзи присуствувале на мечот Џенова – Аталанта, за на дело да ги видат квалитетите на десниот бек Андреа Конти.
Скаутите останаа импресионирани од 23-годишниот Италијанец кој го постигна водечкиот гол за својот тим во победата од 5:0.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Конте во младиот репрезентативец на Италија гледа идеално решение за десната страна, која оваа сезона ја покрива Виктор Мозес.
Конти оваа сезона игра феноменално во дресот на Аталанта, постигна 5 гола и 4 асистенции, и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Поради тоа Челзи ќе треба да се избори со силната конкуренција бидејќи за Конти интерес покажуваат уште Интер, Милан и Јувентус.