Младиот напаѓач на Евертон, Моис Кин се најде на удар на британската јавност бидејќи организирал оргии со манекенди и тоа за време на полициски час.
20-годишниот Кин, во својот апартман организирал домашна забава со манекенки иако на сила во Англија се строги мерки за социјално дистанцирање и карантин.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Напаѓачот бил откриен по видео снимка, на која се гледа тој во добро одбрано друштво, на куќна забава. Од Евертон соопштија дека однесувањето на фудбалерот е неприфатливо, па најверојатно го очекува дисциплинска казна.
„Фудбалскиот клуб Евертон е запознат со инцидентот на првотимецот кој ги игнорирал мерките на Владата и клупските наредби поврзани со пандемијата на коронавирусот. Клубот изразува големо разочарување за играчот и сака да истакне дека таквото однесување е неприфатливо“ стои во клупското соопштение.
Кин во Евертон дојде минатата година, од редовите на Јувентус за 30 милиони евра, а после ова се засилија шпекулациите за негово заминување од клубот.
Moise Kean reportedly hosted a lockdown party ?
— Goal (@goal) April 26, 2020
The Toffees aren't happy ? pic.twitter.com/IybxDJHnz0