Дома Фудбал Останато Скандал: Полицајци претепале поранешен играч на Вардар! 🎥

Скандал: Полицајци претепале поранешен играч на Вардар! 🎥


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Голем скандал ја тресе Црна Гора. Полицијата во Подгорица на сред улица го претепа фудбалерот на Искра, Дамир Којашевиќ кој своевремено го носеше дресот и на Вардар.

Според фудбалерот, се се случило во петокот, а најавил и дека ќе ги тужи полицајците кои го нападнале. На социјалните мрежи се појави и видео од овој инцидент.

„Ова се случи во Основното училиште „Марко Миљанов“ во Коник. Одев на училиште да го земам син ми, а полициската екипа беше зад мене и тие вклучија ротација да ме запрат. Застанав и го пребараа автомобилот и мене. Ме прашаа дали имам нешто да пријавам, кој сум, што сум…Им кажав дека не направив никаков прекршок. Потоа почна малтретирањето, ме удрија неколку пати. Никому ништо не направив, раката се уште ми е скршена – изјави Којашевиќ за порталот „ЦДМ“.

Којашевиќ дресот на Вардар го носеше во сезоната 2016/17, во кој настапи на 40 средби и постигна 13 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Преговорите меѓу Маунт и Челзи во ќорсокак

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Преговорите помеѓу Ч…