Дома Фудбал Останато СКАНДАЛ во соседството: Потпретседателот влегол во судиската соблекувална и му нудел пари на судијата!? (Видео)

СКАНДАЛ во соседството: Потпретседателот влегол во судиската соблекувална и му нудел пари на судијата!? (Видео)

Голем скандал на повидок е во соседството.

Судијата од натпреварот помеѓу Раднички и Војводина изминатиот викенд одигран во Ниш, Бојан Николиќ добива сериозни обвинувања.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Имено, според  Раѓа Ѓуровиќ, членот на Судиската комисија на ФСС задолжен за анализа на судењето Николиќ не си ја завршил добро работата.

Она што го привлече вниманието на медиумите од овој натпревар е судискиот извештај од овој натпревар.

„На судијата од Крагуевац, Николиќ пред натпреварот наводно му се нудени пари да суди во корист на Војводина, се шпекулира и дека писмено се изјаснил“, пишува „Спортски Журнал“.

Покрај сето ова се наведува и дека потпретседателот на Раднички на полувремето влегол во просторијата намената за судиите.

Да потсетиме, Николиќ на овој натпревар го исклучи напаѓачот на Војводина на самиот почеток на вториот дел, а во 74 минута досуди пенал за домаќините кој не беше реализиран.

Во продолжение погледнете ги најинтересните моменти од овој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Семењо има клаузула која би го олеснила трансферот уште во јануари

Крилото на Борнмут Антоан Семењо, кој е поврзуван со повеќе водечки клубови во Премиер лиг…