Вчера во Гелзенкирхен се сретнаа екипите на Србија и Англија, а славеше селекцијата на „Гордиот Албион“ со 0:1.
Во овој натпревар беше поставен и еден анти-рекорд. Имено двете репрезентации упатија вкупно 11 удари кон двата гола. Србија шутна шест пати кон голот на Пикфорд, додека Англичаните на спротивната страна пет пати се заканија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бројката од 11 удари е најмалку на еден натпревар од Европско првенство уште од 1980 година.
Досега анти-рекордот беше 12 удари и по толку видовме на три натпревари: Шведска 1:0 (2016), Велс – Северна Ирска 1:0 (2016) и Чешка – Англија 0:1 (2020).
Ќе потсетиме, голот на одлука во вчерашниот натпревар беше дело на фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам.