Конфликтот со Солари ги вклучи „алармите“ кај клубовите кои и претходно покажуваа интерес за услугите Иско.
Ако Иско го напушта Мадрид, барем засега во прв план се истакнуваат Манчестер Сити и Јувентус.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер е во лош однос со тренерот Солари кој не сметаше на него за натпреварот против Рома. На снимката од моментот кога Иско дозна дека нема да биде во тимот можеше да се забележи дека воопшто не е среќен.
Иско изминатиот викенд после катастрофата против Еибар и поразот од 3:0 одбил да се ракува со Солари, а одговорот на стратегот на Реал беше изоставување за натпреварот против Рома.
Ваквата ситуација ги алармираше Јувентус и Манчестер Сити кои веќе се обидуваа да го доведат Иско. Пеп Гвардиола е голем фан на играта Иско и смета дека асот на Реал одлично би се вклопил во неговиот систем.
Реал засега ги одбиваше понудите, но ситуацијата сега е променета.
https://www.youtube.com/watch?v=du8oRCNyQG0