Дома Топ вести Сити спреми рекордна понуда за Хари Кејн

Сити спреми рекордна понуда за Хари Кејн

Хари Кеј јавно го искажа своето незадоволство во Тотенхем и се поизвесно е дека ова лето ќе направи трансфер.

Голгетерот сака да остане во Премиер лигата, а главен фаворит за неговиот потпис е Манчестер Сити.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Англиските медиуми откриваат дека „граѓаните“ се спремни да му понудат на Кејн договор на 5 години, а откриени се и финансиските детали.

Имено, Хари Кејн на „Етихад“ ќе заработува 16 милиони фунти по сезона, а напаѓачот веќе кажал ДА на оваа понуда.

Сега Сити треба да најде заеднички јазик со Тотенхем и англиските медиуми се сигурни дека овој трансфер ќе биде рекорден во Премиер лигата.

„Граѓаните“ спремиле понуда од 117 милиони евра, па останува да се види дали тоа ќе ги задоволи финансиските апетити на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…