Раководството на Манчестер Сити се уште не се откажува од намерата да го донесе Ерлинг Халанд на „Етихад“.
Англиските медиуми пренесуваат дека „граѓаните“ знаат дека најголема желба на Халанд е да се пресели во Реал Мадрид, но веруваат дека ќе успеат да го убедат да се пресели на „Етихад“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Сити е спремен да му предложи на Норвежанецот многу повисока плата и да биде прва ѕвезда во тимот. Од друга страна Реал најверојатно ќе го доведе Мбапе, па Халанд може да биде во сенка на Французинот.
Приоритет на Гвардиола и ова лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а наголема желба е токму Ерлинг Халанд. Доколку не успеат да го донесат Норвежанецот, тогаш ќе се насочи кон Хари Кејн.