Дома Фудбал Англија Сити без Агуеро и Де Брујн против Челзи

Сити без Агуеро и Де Брујн против Челзи

Две од најголемите ѕвезди на Манчестер Сити, Серхио Агуеро и Кевин де Брујн, не се целосно опоравени од повредите и ќе го пропуштат дербито со Челзи на „Стенфорд Бриџ“.

Агуеро, кој има 10 на 16 меча сезонава се повреди во понеделникот и го пропушти гостувањето кај Ватфорд.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Де Брујн пак ја обнови повредата на коленото за време на мечот со Фулам и се уште е надвор од тренажен процес. Пред неколку дена се појавија информации дека ќе биде спремен за дербито со Челзи, но Гвардиола ја отфрли таквата можност.

„Двајцата нема да можат да играат. Меѓутоа, наскоро ќе се вратат. На Стенфорд Бриџ секогаш е тешко. Имав многу натпревари на тој стадион, но победив само еднаш – минатата сезона. Многу пати сум губел таму“, истакна Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…