Дома Фудбал Англија Откажано дербито во Премиер лигата: Цел тим на Арсенал во карантин!

Откажано дербито во Премиер лигата: Цел тим на Арсенал во карантин!

Натпреварот во ПЛ помеѓу Манчестер Сити и Арсенал нема да биде одигран денеска откако доцна синоќа беше донесена одлука да се одложи.

Откако претседателот на Олимпијакос, Маринакис вчера соопшти дека е заразен со коронавирус вечерашниот натпревар на Етихад е откажан, а играчите на Арсенал завршиле во карантин.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одлуката за одложување на натпреварот е поради мерка на претпазливост бидејќи играчите на Арсенал и клупското раководство дошле до контакт со Марианакис за време на натпреварот од 1/16 финалето во Лига Европа на 27. февруари, соопштија од лондонскиот клуб.

Ризикот некој од играчите да биде заразен е низок, но со оглед на препораките од британската влада секој кој бил во контакт со некој од заразените треба да биде изолиран во период од 14 дена.

„Играчите ќе останат дома додека не истече периодот од14 дена. Четирите претставници на Арсенал кои седеа во близина на Марианакис за време на натпреварот исто така ќе останат дома.“ – стои во соопштението од Топџиите.

Премиер лигата соопшти дека немале друга алтернатива од таа да го одложат натпреварот и дека за сега нема опасност друг натпревар да биде одложен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…