Дома Топ вести Сите го селеа во Мадрид, а Погба ова лето бил на чекор од ПСЖ

Сите го селеа во Мадрид, а Погба ова лето бил на чекор од ПСЖ

Каталонскиот весник „Спорт“ пренесува дека ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба бил многу блиску до преселба во ПСЖ во летниот преоден рок.

Во текот на целото лето Погба беше главна трансфер тема, откако најави дека би можел да замине од Манчестер Јунајтед.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, „ѓаволите“ не потклекнаа под притисокот и одбија неколку понуди кои стигнаа на нивна адреса за францускиот репрезентативец.

Погба цело време се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но сега е откриено дека најблиску до неговиот потпис всушност бил Пари Сент Жермен.

„Светците“ наводно се согласиле во последните денови од преодниот рок да ја платат бараната сума на Јунајтед, но трансферот не се реализирал бидејќи менаџерот Мино Раиола бил многу зафатен во тој момент и договорот не можел да се финализира на време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…