Дома Фудбал Англија Синот на Руни потпиша за Манчестер Јунајтед

Синот на Руни потпиша за Манчестер Јунајтед

Вејн Руни најдобрите денови од својата кариера ги помина во Манчестер Јунајтед каде остави голем траг.

Руни во дресот на Црвените ѓаволи одигра 559 натпревари и постигна 253 погодоци поради што е најдобар стрелец во историјата на англискиот клуб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овој 35-годишен напаѓач го напушти Јунајтед пред три години, а моментално е член на Дерби. Сепак, Руни се врати на Олд Трафорд, но поради синот Каи.

Имено, неговиот 11-годишен син Каи вчера потпиша договор со Манчестер Јунајтед и во иднина ќе биде член на академијата на Црвените ѓаволи.

„Посебен ден. Многу сум горд. Каи потпиша за Манчестер Јунајтед. Продолжи да работиш сине.“ – напиша Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Позната шпанска актерка го освои срцето на Мбапе, но што ќе рече на тоа Винициус? (Фото)

Килијан Мбапе повторно е во центарот на вниманието, но овој пат не поради головите туку по…