Новак Ѓоковиќ е поразен во полуфиналето на Австралија Опен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот тенисер пристигна на првиот сезонски Грен слем турнир со цел да ги зголеми рекордните бројки во победничките Грен слем турнири (има 24) и Австралија Опен (има 10), но беше запрен пред финалето.
Четвртиот носител, Италијанецот Јаник Синер, беше подобар со 6:1, 6:2, 6:7(6), 6:3. Синер на тој начин го победи Ѓоковиќ во три од последните четири натпревари.
“Ова беше тежок натпревар, почнав добро, но чувствував дека Ѓоковиќ не е во најдобра состојба. Се обидов да го зголемам темпото во оваа одлична атмосфера. Се радував на овој натпревар. Секогаш е убаво да се игра со играч од кого можеш да научиш нешто. Среќен сам затоа што можам да ја споделам радоста со навивачите и мојот тим.“, изјави Синер по натпреварот.
„Првпат сум во финале, сакав да дојдам овде максимално подготвен. Среќен сум и ќе дадам се од себе“, додаде Италијанецот.