Дома Фудбал Италија Симеоне призна – само прашање на време е кога ќе го води Интер

Симеоне призна – само прашање на време е кога ќе го води Интер

Само неколку дена откако неговата сестра откри дека Симеоне еден ден ќе седне на кормилото на Интер, и самиот тренер потврди дека тоа е само прашање на време.

Симеоне, кој го носеше дресот на „нероаѕурите“ две сезони во интервју за италијанските медиуми призна дека еден ден ќе го предводи миланскиот гигант.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Отсекогаш велам дека ќе го водам Интер еден ден и сериозно ја разгледувам оваа можност. Но, Интер во моментов има тренер кој одлично ја врши својата работа, а јас уживам водејќи го Атлетико“, изјави Симеоне.

Аргентинецот има договор со Атлетико Мадри до 2020 година, а и Интер неодамна го продолжи договорот со Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатен гол во Хрватска: Дупка го измами голманот и топката заврши во мрежата (Видео)

Фудбалерите на Истра постигнаа важна победа во нивната борба за пласман во Европа, совладу…