Дома Фудбал Симеоне му се заблагодари на Гризман

Симеоне му се заблагодари на Гризман

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне јавно му се заблагодари на напаѓачот Антоан Гризман за се што направил за „јорганџиите“.

Гризман официјално потврди дека следната сезона ќе замине од Мадрид, и дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Благодарен сум му на Гризман за петте фантастични години поминати во клубот. Можам само да му кажам благодарам за се што направил. Многу го сакам како човек и имам одличен однос со неговото семејство“, изјави Симеоне.

Како што пренесува „Марка“, Симеоне додал дека клубот и тој сториле се што можеле со Гризман, и дека го смета за најдобриот стрелец во историјата на клубот.

Гризмани во Атлетико дојде во 2014 година од Реал Сосиедад за 30 милиони евра, а со мадридскиот клуб играше два пати во финалето на Лигата на шампиони и ја освои титулата на Лига Европа како и една титула во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…