Дома Македонски спорт Мак фудбал Силекс го победи Тиквеш и остана во првата лига

Силекс го победи Тиквеш и остана во првата лига

Тимот на Силекс успеа да се избори за опстанок во првата македонска лига откако денес со 3:2 го совлада Тиквеш на стадионот во Ѓорче Петров.

Силекс на најдобар можен начин го започна баражот против Тиквеш. Само 15 минути им беа потребни за да стигнат до предност од 2:0, двоен стрелец беше Бобан Ѓоргиев.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Кратовчани се вратија во игра кога во 22-та минута Ивановски намали на 1:2, но набрзо потоа Рајковиќ погоди за 1:3.

Во второто полувреме Тиквеш успеа да намали на 2:3, но тоа беше се што направија, па не успеаа да се изборат за место во најсилната македонска лига и следната сезона ќе игра во втората лига.

Ќе потсетиме претходно место во прва лига обезбедија Борец од Велес и Струга Трим Лум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…