Дома Фудбал Англија Се уште е член на Ливерпул, а вчера беше снимен во Хрватска како тренира со друг клуб

Се уште е член на Ливерпул, а вчера беше снимен во Хрватска како тренира со друг клуб

Клубовите од Саудиска Арабија летово прават бум на пазарот бидејќи ретко кој може да одолее на нивните богати понуди.

Истото важи и за капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, кој веќе се приклучи на тренинзите на новиот клуб иако трансферот се уште не е официјализиран.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Хендерсон е еден од низата фудбалери кои не можеа да го одбијат повикот за пари од Саудиска Арабија и веќе е јасно дека си заминува од Ливерпул.

„Црвените“ ќе останат без својот капитен, кој ќе потпише тригодишен договор со Ал Етифак, а сега веќе е јасно дека трансферот е готова работа.

Сепак, она што ги изненади навивачите на Ливерпул е фактот што Хендерсон веќе го напушти клубот иако трансферот не е официјализиран.

Хендерсон вчера наутро пристигна во Хрватска каде Ал Етифак се подготвува за новата сезона, па дури и тренираше со новиот тим иако официјално се уште е фудбалер на англискиот клуб.

Навивачите на Ливерпул му замерија на Хендерсон бидејќи сметаат дека тој со таквиот потег покажа непочитување кон „Црвените“. Тие сметаат дека искусниот играч за врска требало да почека да се официјализира трансферот и дури потоа да тренира со новиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јунајтед со крената глава заминува од Енфилд🎥

Манчестер Јунајтед одигра храбро на гостувањето кај лидерот Ливерпул, остана непоразен и з…