Дома Фудбал Се спрема удар за Бартомеу: Лапорта сака повторно да биде претседател на Барселона

Се спрема удар за Бартомеу: Лапорта сака повторно да биде претседател на Барселона

Поранешниот претседател на Барселона бара промени на „Ноу Камп“ после дебаклот на „Енфилд“.

Многу каталонски фудбалски работници се разочарани од исходот на вчерашниот реванш од полуфиналето во Лигата на шампионите и дебаклот на „Енфилд“ од 4:0.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пристигнуваат критики на сметка на претседателот на Бартомеу, а во дебатата се вклучи и неговиот претходник Лапорта.

Откако во твит ги повика надлежните на клубот од „Ноу Камп“ еден од најуспешните претседатели во историјата на Барселона побара избори и тоа лето.

„Всушност зарем веќе управата не најавуваше избори на лето? Направете го тоа, распишете ги“, апелира Лапорта.

Каталонскиот бизнисмен отиде и чекор подалеку и најави дека ќе се кандидира на тие избори за да ја врати ДНК-та на Барселона.

„Спремен сум да ја претставам својата програма. И секој кој сака клубот да се врати на патеките на успехот и да ја врати славата која ја има нека гласа за мене да испишеме нова историја“, порача Лапорта.

Ќе потсетиме, Лапорта беше претседател на Барселона од 2003 до 2010 година во ерата во која дресот на црвено-сините го носеа Роналдињо и Тиери Анри, а тренер беше Пеп Гвардиола.

Лапорта исто така може да се пофали и со трофеи во Примера, Лигата на шампионите, шпанскиот куп, шпанскиот Суперкуп, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…