Дома Фудбал Англија Се смирува ситуацијата на „Етихад“: Сити ќе избегне егзодус

Се смирува ситуацијата на „Етихад“: Сити ќе избегне егзодус

Пред неколку дена, УЕФА му изрече казна за двегодишна суспензија на Манчестер Сити од европските натпреварувања поради нарушување на Финансискиот фер-плеј.

Клубот од „Етихад“ сигурно ќе ја обжали оваа одлука на УЕФА, но тешко дека нешто ќе се промени покрај сите докази против нив.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


По оваа одлука, веднаш се шпекулираше дека Пеп Гвардиола ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, и дека неколку клучни играчи на клубот ќе го сторат истото.

Англиските медиуми пренесуваат дека Гвардиола имал говор пред играчите и ја смирил ситуацијата.

„Сега, повеќе од кога било, ние треба да им покажеме на сите дека не сме тим од пари, туку тим со таленти“, им рекол Гвардиола на своите играчи на тренингот.

Рахим Стерлинг е првиот кој потврдил дека сигурно останува во клубот без разлика на суспензијата, а тоа ја смирило ситуацијата кај останатите играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Артета: Горд сум на моите фудбалери, но и разочаран од резултатот со Сити

Тренерот на Арсенал, Микел Артета не го криеше гордоста кон своите играчи по денешното дер…