Фудбалерите на Манчестер Јунајтед утре го играат натпреварот против Њукасл на свој терен во рамките од четвртото коло во англиската Премиер лига.
Навивачите на Јунајтед веќе десетина дена со нетрпение го очекуваат натпреварот против Њукасл затоа што утре би требало Роналдо по втор пат да дебитира во дресот на „црвените ѓаволи“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо против Њукасл има одличен скор и во 11 одиграни натпревари против овој клуб има дури 10 победи, а постигна шест голови и подели пет асистенции.
Меѓутоа Португалецот не го памети по добро својот последен меч против овој клуб кој го играше пред 12 години и тоа пред самиот трансфер во Реал Мадрид. Роналдо тогаш во тунелот имаше дуел со Стивен Тејлор кој тогаш играше за Њукасл. Двајцата имаа вербален судир, а Тејлор му кажа на Роналдо дека е грд.
Во еден од дуелите на теренот Тејлор жестоко го фаулираше Португалецот, па Роналдо му се обратил со зборовите: „Ти си ѓубре од играч“.
Двајцата во тунелот беа блиску и до физичка пресметка, но поголем инцидент спречија Рио Фердинанд и главниот судија Стив Бенет.