Дома Фудбал Се појави содржината на мејлот: Еве како Ливерпул и даде „корпа“ на Барса

Се појави содржината на мејлот: Еве како Ливерпул и даде „корпа“ на Барса

Една од најголемите трансфер саги ова лето беше можниот трансфер на Кутињо од Ливерпул во Барселона.

Каталонскиот гигант после продажбата на Нејмар беше очаен и направи се што можеше за да ги задоволи апетитите на своите навивачи. Сакаа да донесат едно големо засилување, а најголемата желба беше токму Кутињо.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Барселона се обиде со неколку понуди, а највисоката наводно била над 100 милиони евра, но Ливерпул едноставно не сакаше да слушне за продажба на својата ѕвезда.

Сега, три недели по завршувањето на преодниот рок се појави мејлот со кој челниците на Ливерпул ја замолуваат Барселона да го остави Кутињо на мир.

„Пријателски ве молиме да престанете да го малтретирате Кутињо јавно и приватно. Нема таква сума која ќе не натера да го смениме мислењето“, напишале „црвените“.

Епилогот го знаете сите, Кутињо остана на „Енфилд“, а Барса официјално соопшти дека трансферот пропаднал бидејќи Ливерпул барал преголема сума за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го украде шоуто: Лотар Матеус на церемонијата за „Златната топка“ се појави со 38 години помлада девојка

Поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус (64), познат по своите пет бракови, на …