Лука Модриќ неодамна беше прогласен за најдобар фудбалер во светот на церемонијата на ФИФА во Лондон, но во неговата земја не се сите воодушевени.
Дел од хрватските навивачи и љубители на фудбалот не го поднесуваат Модриќ поради неговата блиска поврзаност со Здравко Мамиќ, посебно поради начинот на кој сведочеше во текот на судењето на сопственикот на Динамо.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сведочењето на Модриќ во корист на Мамиќ не му помогна, тој беше осуден на шест ипол години затвор, а од тој момент дел од хрватските фанови го осудуваат фудбалерот за лажно сведочење и го гледаат со презир.
Од Сплит стигна нов доказ дека Модриќ не е омилен помеѓу сите во Хрватска. Откако беше прогласен за најдобар фудбалер во светот во ова место се појави навредлив графит за капитенот на Хрватска.