Дома Фудбал Англија Се појави видео кое покажува зошто Лорис се обиде да се пресмета со Сон

Се појави видео кое покажува зошто Лорис се обиде да се пресмета со Сон

Тотенхем синоќа на свој терен го победи Евертон со 1:0, а натпреварот го одбележи инцидентот помеѓу играчите на домашниот тим.

Имено, откако судијата свирна крај на првото полувреме Лорис тргна кон Сон со намера за физичка пресметка. За среќа соиграчите навремено реагираа и не дојде до посериозен инцидент.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


После натпреварот Лорис објаснуваше дека тоа било само во жар на натпреварот и дека помеѓу него и Сон се е во ред. Исто така откри дека бил лут поради тоа што Сон не учествувал во пресингот на одбраната на Евертон и поради тоа била неговата реакција.

На социјалните мрежи се појави видео кое покажува дека Сон се откажува од пресингот и му овозможува на Евертон одлична шанса за израмнување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид најде ново засилување: Договара трансфеер од 60 милиони евра?

Францускиот дефанзивец Дајот Упамекано можеби ќе ја смени средината веќе наредното лето. О…