Дома Фудбал Се одолговлекува со новиот договор на Гави – Лапорта загрижен!

Се одолговлекува со новиот договор на Гави – Лапорта загрижен!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта вчера соопшти загрижувачки вести за навивачите.

Младата надеж на Барса, 17-годишниот Гави се уште нема потпишано нов договор со клубот, а работата ја „кочи“ неговиот агент. Лапорта не знае што се случува и зошто одолговлекува.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


“Не можеме да разбереме зошто агентот на Гави сака да го одложи продолжувањето на договорот. Се уште го чекаме”, изјави Лапорта и ја продолжува приказната:

“Гави има само 17 години и ја претставува сегашноста и иднината на клубот. Не разбирам зошто агентот го одолговлекува потписот. Платата што ја понудивме е многу прифатлива. Нема да му понудиме повеќе бидејќи јас не сакам да ја водам Барселона во правецот на моите претходници кои го доведоа клубот во тешка ситуација. Се надевам дека агентот ќе ги прифати нашите услови што е можно побрзо“, изјави Лапорта.

Талентираниот играч за врска експлодира во дресот на Барселона. Иако има само 17 години, игра навистина феноменален фудбал.

Гави е обврзан со договорот за Каталонците до јуни следната година, па за клубот е многу загрижувачки што неговиот потпис се одложува бидејќи за шест месеци може да преговара со други тимови.

Младиот фудбалер како 10-годишник пристигна во „Ла Масија“ од Бетис, ги мина младинските селекции на тимот од Камп Ноу, а од минатото лето е член на првиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски испиша историја📷

Барселона има водство по првото полувреме против Брест во Лигата на шампиони, а стрелец на…