Се погласни се шпекулациите дека Лионел Меси нема да го продолжи договорот со Барселона и дека следното лето би можел да ја промени средината.
Поради тоа Аргентинецот, по кој знае кој пат, потврди дека Барселона е неговиот прв избор и ќе остане на „Камп Ноу“ се додека клубот го сака во своите редови.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Меси сеуште го нема продолжено договорот со Каталонците, преговорите се во застој, на првиот човек на клубот, Жосеп Бартомеу истакна дека не е загрижен за иднината на Меси.
„Од секогаш сум велел дека Барселона ми даде се и дека ќе останам во овој клуб се додека ме сакаат“, истакна Меси, а потоа проговори за Пеп Гвардиола и за неговата работа во Сити.
„Тоа е многу комплицирана лига, што се покажа и минатата сезона, па мислам дека е исклучително тешко да се предвиди што ќе се случи. Пеп е многу успешен тренер, тој моментално се прилагодува на лигата, но сигурен сум дека ќе биде успешен и во Англија“, закличи Меси.