Дома Фудбал Италија Се огласи Марота: Дибала не е на продажба

Се огласи Марота: Дибала не е на продажба

По повод поврзувањето на Паоло Дибала со заминување од Јувентус се огласи и спортскиот директор на Јувентус, Џузепе Марота.

Во последно време Паоло Дибала многу се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, но според зборовите на Џузепе Марота, Дибала нема да замине, барем не во овој преоден рок.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Јануарскиот преоден рок е за поправка на вашиот тим, за среќа ние сме покриени и немаме таков проблем. Дибала не е на трансфер листата и немаме намера да го ставиме“, изјави Марота за Аргентинецот.

Дибала во вчерашниот натпревар против Каљари во кој Јувентус запиша минимална победа од 0:1 поради повреда мораше порано да го напушти теренот, тренерот Алегри изјави дека не е познато од каков карактер е неговата повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

По 11 години Тер Штеген заминува од Барселона

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген ја напушта Барселона по 11 години. Искусниот голм…