Ливерпул синоќа не се прослави во првиот натпревар од полуфиналето на Лига купот, бидејќи беше поразен од Саутемптон на гостински терен со 1:0.
Сепак, еден детал од натпреварот го привлече вниманието на гледачите, кога Клоп му подаде на Стариџ мистериозен лист со порака.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стариџ таа порака ја проследи до соиграчите, но јавноста веднаш почна со шеги на социјалните мрежи. Поради тоа веднаш после натпреварот се оглеси Клоп и објасни за што станува збор.
„Стануваше збор за промена на тактиката. Сакав да преминеме на формација 3-5-2 и тоа е тоа. Можеби доцна реагирав, бидејќи го додадов листот за време на мечот. Седум или осум играчи веднаш сватија што сакам, додека на Фирмињо му требаше повеќе време да ја разбере мојата идеја“, изјави Клоп.