Дома Фудбал Англија Се започна со поразот од Мурињо – од тогаш гледаме совршен Сити!

Се започна со поразот од Мурињо – од тогаш гледаме совршен Сити!

Се започна со поразот од Тотенхем и Жозе Мурињо…Од тогаш Сити изгледа како совршен тим.

Пред три месеци, на 21. ноември Мурињо го надигра Гвардиола и го победи со 2:0. Тогаш никој не претпоставуваше дека тој пораз ќе придонесе да гледаме фантастичен Сити во периодот кој следи.
Сити од тој момент одигра 27 натпревари, забележа 24 победи и на 19 натпревари ја зачува мрежата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во ноември сите го отпишаа Сити од трката за титулата, а сега изгледа како сите други да се отпишани затоа што Сити има 13 бодови повеќе од Манчестер Јунајтед и Лестер кои имаат натпревар помалку.

Интересно е што после поразот од Тотенхем Сити беше четири бода зад Ливерпул сега имаат 22 повеќе од „црвените“.

Кога во прашање се останатите натпреварувања. Во Лигата на шампионите славеа против Борусија Менхелгадбах со 2:0 и сега се пред пласман во четвртфиналето. Во ФА Купот Сити му гостува на Евертон во четвртфиналето, додека на 25.април ќе го играат финалето од Лига Купот баш против Мурињо и Тотенехм.

Значи Сити е во игра на сите четири фронта, формата ветува и можеби оваа сезона е токму онаа во која Сити може до успех и во Европа и во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…