Дома Фудбал Верaти има нов клуб, но не ја смени земјата

Верaти има нов клуб, но не ја смени земјата

Марко Верaти е нов фудбалер на Ал Духаил.

Италијанецот на овој начин ја продолжува кариерата во Катар, бидејќи претходно две сезони играше за Ал Арабија.

За Ал Араби одигра вкупно 40 натпревари, што е околу половина од можните, на кои постигна четири гола и имаше дванаесет асистенции.

За овие две години заработи неверојатни 60 милиони евра, а клубот минатата сезона ја заврши на деветото место во катарското првенство.

Од друга страна, Ал Духаил ја заврши сезоната на второ место веднаш зад Ал-Сад.

Засега клубот не ги објави финансиските детали на договорот, но нема сомнеж дека станува збор за голема сума.

Верaти некогаш пред доаѓањето во Катар играше за Пари Сен Жермен и Пескара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почнува Премиер лигата: Арсенал против новајлијата тргнува во одбрана на титулата

Денес започнува новото издание на англиската Премиер лига, каде актуелниот шампион Арсенал…