Иднината на Мауро Икарди е главна тема во Италија веќе подолго време, а најновите информации од Апенините тврдат дека Аргентинецот наскоро ќе потпише нов договор.
Имено, Икарди во договорот со Интер има откупна клаузула од 110 милиони евра, а неколку европски гиганти се спремни да ја платат таа сума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа „нероаѕурите“ сакаат што е можно побрзо да потпишат нов договор со голгетерот во кој ќе има многу поголема клаузула.
Неговата сопруга и менаџер Ванда Нара бараше значително зголемување на платата, а најновите информации од Италија велат дека Интер ќе ги задоволи барањата на напаѓачот.
Имено, двете страни веќе постигнале комплетен договор и истиот ќе биде потпишан во наредните денови.
Според новиот договор Икарди ќе заработува 7,5 милиони евра, и ќе биде најплатен фудбалер во Серија А заедно со Игуаин и Дибала.
Притоа, во новиот договор ќе има откупна клаузула од 180 милиони евра, што ќе им гарантира на „нероаѕурите“ да се чувствуваат безбедни.
#premiumsport
L'#Inter blinda #Icardi: clausola da 180 milioni di euro. Sarà il giocatore più pagato della Serie A. Qui i dettagli. https://t.co/oIQww4JzXp— PremiumSportHD (@PremiumSportHD) March 22, 2018