Tрансферот на Александар Коларов од Рома во Интер е завршена работа и не се доведува во прашање и се чека само официјална потврда.
Коларов веќе некое време е во кампот на репрезентацијата на Србија и се спрема за натпреварите со Русија и Турција. Од Италија пристигнуваат информации дека потписот со Интер ќе го стави по завршувањето на овој круг од Лигата на нации, а тоа е во понеделник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите веќе пишуваат и за деталите од трансферот. Коларов ќе добие договор на една година, со опција да се продолжи на уште една. Рома ќе добие оштета од еден милион евра што е двојно помалку од сумата која на почетокот се споменуваше. Кога во прашање е платата на Коларов тој ќе добие 3.5 милиони евра за една година, истата сума ќе ја добие и ако договорот се продолжи.
Ќе потсетиме, покрај Коларов и Артуро Видал е пред потпис со тимот на Антонио Конте.