Дома Останати Се договорено: Познат датумот за спектаклот помеѓу Фјури и Вајт!

Се договорено: Познат датумот за спектаклот помеѓу Фјури и Вајт!

Договорена е борбата помеѓу Тајсон Фјури и Вилијан Вајт.

Фјури појасот во ВБЦ категорија ќе го брани против сонародникот на 23. април на стадионот „Вембли“ во Лондон. За оваа борба Фјури има загарантирано 30 милиони долари, додека Вајт ќе добие 7.5 милиони долари.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Победникот ќе добие бонус од четири милиони долари, а се очекува на трибините на „Вембли“ да бидат околу 100.000 гледачи бидејќи во Велика Британија се укинати сите мерки за заштита од коронавирусот.

Фјури во октомври минатата година го победи Деонте Вајлдер, додека Вајт во борбата за ВБЦ пјасот беше подобар од Александар Поветкин. Според некои најави победникот од овој меч ќе оди на дуел со подобриот од борбата помеѓу Александар Усик и Ентони Џошуа која ќе се случи на пролет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…