Дома Фудбал Се враќа Лигата на шампионите: Реал Мадрид и Манчестер Сити влегуваат како фаворити

Се враќа Лигата на шампионите: Реал Мадрид и Манчестер Сити влегуваат како фаворити

Лигата на шампионите вечерва продолжува со првите два осминафинални натпревари. На терен ќе излезат најголемиот досега во ова натпреварување Реал Мадрид и актуелниот шампион Манчестер Сити.

Двата натпревари се играат од 21 часот. Првиот натпревар ќе се игра во Германија помеѓу РБ Лајпциг и Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клубот со најмногу трофеи и најголем досега во ова натпреварување, Реал Мадрид, секако е фаворит во ова тешко гостување. Тој е без услугите на Џуд Белингем, кој се повреди на натпреварот против Џирона пред неколку дена.

Вториот натпревар се игра во Данска. Копенхаген, кој изненадувачки обезбеди пласман во конкуренција на Баерн, Галата и Манчестер Јунајтед, ќе биде домаќин на европскиот шампион.

Граѓаните доаѓаат со полн состав, додека кај домашниот тим нема да настапат Боилесен, Хохолава, Лерагер и Сандер.

Јасно е дека Сити е фаворит, но и генерално за пласман понатаму. Впечаток е дека ова е најмалку неизвесен двомеч, но да почекаме.

Двата натпревари почнуваат од 21 часот, а програмата продолжува утре со натпреварите Лацио – Баерн и Реал Сосиедад – ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…