Дома Актуелно Се бара одложување на Европското првенство!

Се бара одложување на Европското првенство!

Коронавирусот направи вистински хаос во фудбалот, а нови проблеми допрва може да пристигнуваат.

Поради епидемијата од коронавирусот националните сојузи имаат проблеми со правењето на распоредот за првенствата. Играњето без публика ја доведува во прашање регуларноста на натпреварувањето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпревари од Европското првенство да се играат без гледачи навистина звучи бизарно, па поради тоа ако ситуацијата не се подобри тогаш одложувањето ќе биде веројатно единствена опција.

Италијански „Тутоспорт“ објави дека националните сојузи прават притисок на УЕФА да го одложи Европсктоо првенство, за домашните шампионати да можат да се завршат.

„Националните сојузи од најпогодените земји прават притисок на УЕФА да го одложи почетокот на Европското првенство за нормално да се завршат првенствата. Според информациите УЕФА сериозно ја разгледува таа опција“, пишува „Тутоспорт“.

Европското првенство е планирано да започне на 12. јуни и ќе се игра во повеќе држави, а отварањето е во Италија во Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Француската легенда за ситуацијата на Мбапе: Неколку фудбалери и Анчелоти не сакаа да дојде во Реал

Килијан Мбапе летово конечно по долги најави се пресели во Реал Мадрид, но на почетокот на…