Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е свесен дека има проблеми и дека играчите кои се на одмор мора веднаш да се вратат.
Јунајтед бележи слаби резултати на американската турнеја, но и тоа не е чудно бидејќи му недостасуваат дури 17 првотимци, кои настапија на СП и затоа имаат подолг одмор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, првенството започнува на 11. август, а Португалецот е свесен дека клубот мора да реагира и играчите што поскоро да се вратат за да имаат барем малку време за воигрување.
Од првиот тим во тимот моментално се Санчез, Бејли, Лук Шо и Андер Ерера. Први на повикот на Мурињо се вратија Џонс и Рашфорд.
„Се надевам дека и другите ќе ги следат нивните примери и ќе се вратат да му помогнат на тимот, бидејќи чуствувам дека може да бидеме во неволја.“ порача Мурињо, кој очекува барем уште некое засилување до почетокот на сезоната.
„Би сакал уште двајца играчи, но не сум сигурен дека ќе ги добијам. Им ја дадов листата на надлежните со пет имиња и ќе видиме дали ќе можеме да ги донесеме.“