Вчера Македонија го победи Израел и така успеа да заврши на третата позиција во квалификациите за Европското првенство, тој е пласман е најдобар во нашата историја во едни квалификации.
Денес преку официјалниот сајт на ФФМ задоволство за постигнатиот успех искажа првиот човек на федерацијата, Муамед Сејдини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во име на Фудбалската федерација на Македонија и свое лично би сакал да упатам благодарност до сите кој дадоа придонес за успешната организација на натпреварите од квалификациите за Европското првенство 2020. година.
Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на Сејдини.
„Исклучително ми е драго што заедно со Вас, навивачите и поддржувачите на македонската репрезентација создадовме прекрасна атмосфера и на вистински начин ја потврдивме поврзаноста кон фудбалот и спортот воопшто.
Ви благодариме!
Би сакал да упатам искрена честитка до фудбалерите од нашиот најдобар национален состав за игрите и резултатите кои ги остварија во последниот квалификациски циклус за ЕУРО 2020. Многу е важно што фудбалерите веруваат дека можат, знаат колку се квалитетни, а со поддршка и навивање се подготвени за голем резултат.
Треба да продолжиме да веруваме во себе.
Благодарност до Министерството за Внатрешни работи и сите служби кои одлично ја завршија својата задача пред, за време и по натпреварите и им дадоа максимална помош на Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА, целата организација на натпреварите да помине без проблеми.
Исклучително ни е чест што добивме поддршка од државните институции и високите гости кои ги следеа натпреварите на македонската репрезентација покажувајќи на тој начин голема почит кон фудбалот и спортот воопшто.
Ви Благодариме!Благодарност до навивачите и љубителите на фудбалот – ова беа квалификации на кои сите можеме да бидеме горди!“