Tренерот на Барселона Кике Сетиен верува дека неговиот тим има уште шанси да ја освои Ла Лига.
Со лошата игра по продолжувањето на сезоната каталонскиот тим ја изгуби предноста во однос на Реал Мадрид, „кралевите“ на четири кола пред крајот на првенството имаат големи четири бода предност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа Барселона не се предава и Сетиен верува дека неговиот тим уште може до титулата.
„Мораме да направиме се што можеме. Секако дека уште можеме ја освоиме Ла Лига. Математиката тоа го кажува. Ќе се надеваме до последниот ден“, изјави Сетиен.
Прашање е дали Сетиен во наредната сезона ќе седи на клупата на каталонскиот гигант. Се повеќе се споменува негово заминување, а нема дилеми дали тоа ќе се случи ако Барселона остане без титулата што во ваква ситуација е и многу веројатно.
Барселона наредниот натпревар го игра против градскиот ривал Еспањол, додека Реал на свој терен ќе игра против Алавес.