Изјавата на Жерар Пике после ремито против Севиља не им се допадна на навивачите, но тренерот на Барселона, Кике Сетиен размислува поинаку.
Барселона одигра само 0:0 со Севиља, а Пике после натпреварот изјави:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека тешко можеме да ја освоиме Ла Лига. Ќе направиме се што можеме, но претпоставувам дека Реал Мадрид нема да изгуби многу бодови“.
На оваа изјава на Пике сега одговори тренерот Кике Сетиен.
„Тоа очигледно било момент на фрустрација. Посебно затоа што игравме добро во првото полувреме. Можеби чувството во тој момент не е позитивно, но сигурен сум дека не мисли така. Не знам зошто мисли дека Реал ќе победи на сите натпревари до крајот. Јас мислам дека тоа нема да се случи. Реалност е дека работите не зависат повеќе од нас, но тоа може да се промени. И претходно знаевме дека ќе биде тешко да се победи на сите натпревари до крајот, тоа практично беше невозможно“, изјави Сетиен.
Барселона во вторник ќе игра дома против Атлетик Билбао, а прво ќе се надева дека Реал утре вечер нема да победи на гостувањето кај Сосиедад.