Дома Фудбал Сетиен за спорните ситуации: Сите видовте што се случи вчера

Сетиен за спорните ситуации: Сите видовте што се случи вчера

Mногу прашина се крена во шпанските медиуми после вчерашниот натпревар помеѓу Реал Сосиедад и Реал Мадрид.

„Кралевите“ во овој натпревар победија со 2:1 и така го превземаа лидерското место на табелата. До крајот на Ла Лига останаа уште осум кола, а Барса и Реал имаат по 65 бода, меѓутоа „кралевите“ се први поради подобриот меѓусебен дуел.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После вчерашниот натпревар многу се пишува за спорниот пенал кој го доби Реал и голот на Бензема во ситуација во која многумина сметаат дека Французинот играл со рака.

Меѓутоа во двете ситуации судијата не се огласи, а ВАР не реагираше. После овие судиски одлуки со коментар се јави и тренерот на Барсекина Кике Сетиен.

„Не разбирам зошто ВАР во некои ситуациии се користи, а во други не. Не сакам да зборувам многу за судиите биејќи на тоа не може да се влијае. Во такви спорни ситуации некогаш имате среќа, некогаш немате. Сите видовте што се случи вчера“, изјави Сетиен.

Тука можете да го погледнете спорниот пенал кој го доби Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик: Нема да останам во Барселона во наредните десет години

Германецот Ханси Флик работи одлично и бежеле добри резултати со Барселона во актуелната с…