Дома Фудбал Италија Сестрата на Буфон со емотивна порака до својот брат: Џиџи не е подготвен да каже збогум

Сестрата на Буфон со емотивна порака до својот брат: Џиџи не е подготвен да каже збогум

За утре со почеток во 11:30 часот е закажана прес-конференција на која фудбалскиот свет очекува Џанлуиџи Буфон да објави крај на кариерата.

Денес за „Тутоспорт“ зборуваше сестрата на легендарниот голман, Вероника.  Таа смета дека нејзиниот брат кој е три години помлад не е спремен да го остави фудбалот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Како што кажува Вероника, таа во неговите очи се уште гледа голема глад за победување и уживање во она што најмногу сака да го прави.

„Можам да кажам дека колку повеќе го гледам на теренот, толку повеќе во него гледам играч кој не е спремен да каже збогум. Јас играв професионално одбојка и знам како е кога ставате крај на она што најмногу сакате да го правите. Јас сум сестра на Џиџи и навистина сум горда што можам да го кажам тоа, мислам дека во овој момент тој не е подготвен да стави крај“.

„Во неговите очи гледам се уште голема глад за играње и победување. Разговарав со него повеќе пати, а неговиот одговор беше само насмевка. Како поранешна спортска сакам да кажам дека спортистот заминува кога повеќе нема што да понуди, а со мојот брат тоа не е случај“, изјави Вероника за реномираниот „Тутоспорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…