Дома Топ вести Серхио Рамос го избрал Манчестер Јунајтед!?

Серхио Рамос го избрал Манчестер Јунајтед!?

Шпанските медиуми се сигурни дека Серхио Рамос на лето ќе го напушти Реал Мадрид и веќе ја открија следната дестинација.

Шпанските медиуми тврдат дека агентот на Серхио Рамос следната недела ќе патува во Англија на финални преговори со Манчестер Јунајтед.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Договорот на 34-годишниот дефанзивец со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, а двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Поради тоа Рамос на лето ќе го напушти Реал како слободен агент, а наводно веќе ја избрал следната дестинација.

Рамос со „црвените ѓаволи“ ќе потпише двегодишен договор и на „Олд Трафорд“ ќе заработува 225.000 евра неделно.

Интерес за Шпанецот покажа и ПСЖ, но Рамос одлучил кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и наводно ќе се пресели на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…