Дома Фудбал Италија Серија А може да се доигра во јули и август

Серија А може да се доигра во јули и август

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина ја отфрла идејата сезоната во Серија А да биде завршена и тврди дека секако ќе се доигра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италија е земја која е најтешко погодена од коронавирусот. Спортските натпреварувања се одамна запрени, но Италијанците се убедени дека сезоната ќе заврши.

Претседателот на фудбалската федерација Гравина најави дека ќе игра во текот на целото лето доколку е потребно.

„Додека можам ќе се борам, не ја губам надежта дека сезоната ќе продолжи. Ќе направам се за тоа да се случи. Не се предавам лесно. Свесен сум дека се уште е рано да мислиме на датум, но мора да размислуваме позитивно. Ако треба ќе играме и во јули и август“, изјави Гравина.

„Се уште е рано да се истакне посебен датум, но мора да размислиме позитивно.’Ќе се обидеме да ја завршиме сезоната и да побараме од УЕФА и ФИФА да ја продолжат да играме во јули и август. За тоа ќе дознаеме наскоро. Во моментов нема простор за лични интереси и ги замолувам сите за разбирање затоа што Федерацијата ќе мора да одлучи“, додаде претседателот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Силекс се засили со младински репрезентативец на Македонија!

Силекс продолжува активно да го засилува играчкиот кадар во летниот преоден рок, а најново…