Дома Фудбал Италија Серија А започнува на даумот на кој требаше да заврши?

Серија А започнува на даумот на кој требаше да заврши?

Римскиот весник „Ил Месенџеро“ во своето денешно издание го најави датумот кога Серија А би можела повторно да започне.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Италија фудбал не се игра повеќе од три недели кога беше се стопирано поради коронавирусот. Последните денови ситуацијата се смирува, па сега се гледа светло на крајот од тунелот.

„Ил Месенџеро“ пишува дека тимовите ќе се соберат за 15-тина дена, поточно помеѓу 15. и 18. април, меѓутоа со мерки на претпазливост.

Фудбал би требало да почне да се игра во втората половина на мај. Римскиот весник неведува дека Серија А ќе започне на 24. мај или пак неделата подоцна.

Интересно е што на тој начин Серија А би започнала во викендот кога планирано беше да се одигра последното коло. Натпреварите ќе се играат без присуство на публика.

Сезоната би требало да заврши кон средината на јули. Натпреварите ќе се играат во дневни и вечерни термини во забрзан ритам. Италијанските тимови треба да одиграат уште 12 кола, плус некој заостанат натпревар и завршницата од купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Земјотрес“ на Островот: Гигант тргна по Бруно Фернандеш, понудени 50 милиони евра на Јунајтед, а на Португалецот дури 105!

Манчестер Јунајтед може да се соочи со една од најголемите трансфер приказни ова лето, отк…