Дома Останати Сензација во Париз: Анонимецот од Сицилија го „реши“ и Ѓоковиќ!

Сензација во Париз: Анонимецот од Сицилија го „реши“ и Ѓоковиќ!

Практично анонимниот Италијанец, Марко Чекинато направи уште еден подвиг на „Ролан Гарос“, го победи Новак Ѓоковиќ со 3:1 и се пласираше во полуфиналето.

Чекинато одлично го започна мечот и изненадувачки поведе со 2:0 во сетови, по што следеше период на доминација на Ѓоковиќ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Србинот лесно го освои третиот сет со 6:1 и имаше шанса да се врати, но ја испушти предноста во четвртиот сет, кој на крајот се играше на тајм-брејк.

Во тајм-брејкот имаше вистинска драма, која на крајот му припадна на Италијанецот со 12:10 и победа од 3:1 во сетови.

Ова е секако најголем успех во кариерата на момчето од Сицилија, кое за влез во финалето ќе се бори со Доминик Тим.

Каков успех е ова за Чекинато доволно покажува фактот што е првиот Италијанец после 40 години во полуфинале на еден Грен Слем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…