Дома Останати Сензационално изненадување на Мастерсот во Мадрид – Мари елиминиран од Чориќ

Сензационално изненадување на Мастерсот во Мадрид – Мари елиминиран од Чориќ

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ приреди вистинска сензација на Мастерсот во Мадрид, откако во осминафиналето го елиминираше првиот носител Енди Мари.

Чориќ ја забележа најголемата победа во кариерата во Мадрид, тој за 96 минути го победи светскиот број 1.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Хрватскиот тенисер клучните брејкови ги направи во седмиот гем од првиот и осмиот гем од вториот сет.

На крајот Чориќ славеше со 2:0 (6:3, 6:3).

За разлика од Мари, осминафиналето го мина вториот носител на турнирот, Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер кој од почетокот на годината е далеку од вистинската форма, одигра сигурен меч против Фелисијано Лопез.

По еден брејк во двата сета му беа доволни на Ѓоковиќ да слави со 6:4, 7:5

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Снимката на Ѓоковиќ и Сабаленка ги „запали“ социјалните мрежи (Видео)

Односот меѓу Арина Сабаленка и Новак Ѓоковиќ многумина го претставуваа како повеќе од приј…